еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Мира Симоновски од Делчево на 74 години го искачи врвот Ухуру на Килиманџаро

Мира Симоновски од Делчево на 74 години го искачи врвот Ухуру на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка, информираа од Клубот за планинарски спортови АЗОТ.

Врвот Ухуру е на 5.895 метри надморска височина.

Таа била дел од експедицијата на Клубот, кој деновиве организирал искачување.

Како што пренесе државната агенција МИА, ова е втор врв кој Симоновски го има искачено по навлегувањето во осмата деценија од својот живот.

Претходно во 2020 година, со наполнети 70 години се искачила на врвот Арарат, на 5.137 метри надморска висина.

Фото: КПС АЗОТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Делегација на романската Амбасада во посета на Алкалоид

Редакција

НЛБ Банка прва на пазарот овозможува користење на електронски идентитет во соработка со Mastercard

Редакција

Нема кој да купи: Непродадени 5.340 нови станови, а се градат уште 11.322

Редакција