И светски познат научник, Македонката Светлана Мојсов (70) се најде на листата на престижниот „Тајм„ за 100. највлијателни личности во светот за 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Македонка меѓу 100. највлијателни личности во светот според „Тајм“
Која е Мојсов?
Мојсов и покрај големиот успех на полето на светската наука, не и многу позната на македонската јавност.
Таа живее и работи во САД, каде дошла во 1972 година на дипломската програма на Универзитетот Рокфелер од Белград, каде што дипломирала хемија.
Токму таму започнала да истражува за дијабетесот, како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд.
Помагајќи му додека истражувал, Мојсов ја совладала синтезата на глукагон и останала во лабораторијата на Мерифилд како постдокторка за да ги усоврши своите техники.
Таа е ќерка на македонскиот државник и дипломат Лазар Мојсов.
За време на постдипломските студии, Мојсов го запознала и нејзиниот иден сопруг, имунологот Мишел Нусенцвајг, кој од медицинското училиште на Универзитетот во Њујорк, каде докторирал, влегол во програмата на Рокфелер.
Таа моментално е вонреден професор на Универзитетот Рокфелер.
Заслужна за лекот Оземпик
Иновативните методи и клучните сознанија на Мојсов доведоа до идентификација на пептид сличен на глукагон (GLP-1), цревниот хормон кој предизвикува панкреасот да лачи инсулин. Нејзините откритија се основата на револуционерните лекови наречени GLP-1 агонисти кои ја трансформираа клиничката грижа за дијабетес и дебелина.
Примери за оваа класа на лекови вклучуваат Оземпик, Виктоза и Вегови.
Нејзиното истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина.
Мојсов е добитничка на бројни награди и признанија, меѓу кои и на наградата Перл Мајстер Грингард за 2024 година.
Повеќе информации за нејзината работа на официјалната страна на Универзитетот Рокфелер.
Фото: Универзитетот Рокфелер