еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Жито Полог во минус во првите три месеци

Жито Полог АД Тетово во првите три месеци од годинава остварил негативен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран  Биланс на упех во износ од 8.073 илјади денари пред оданочување, соопштија од таму преку Македонската берза.

-Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – март 2024 година изнесуваат 77,341 илјади денари и во споредба со вкупните приходи остварени во истиот период 2023 година бележат зголемување за 30%. Во структурата на приходи најголемо учество 98% имаат приходите од продажба на производи и услуги .

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари – март 2024 година изнесуваат 83,300 илјади денари и во споредба со вкупните расходи остварени во истиот период во 2023 година бележат пораст од 22%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè е акционер во Жито Полог, кој го презеде Орка холдинг

Орка Холдинг официјално го презеде Жито Полог

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта

Редакција

Министерството за правда ќе бара екстрадиција на убиецот Игор Спасов од Бугарија

Редакција

Грешка при гласањето на Евровизија: Тамара се искачи на седмо место, била прва според жирито

Редакција