еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Незаконски сум разрешен, нема зголемена смртност, вели Шокаровски

Директорот на Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски, кој беше разрешен пред неколку дена од страна на министерот за здравство во заминување, Илир Демири, денеска на прес-конференција посочи дека неговото разрешување е незаконско, бидејќи во мандатот на техничката влада не може ниту да се именуваат, ниту да се разрешуваат раководители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради зголемена смртност на Кардиохирургија разрешен директорот Шокаровски

Тој ги повика сите релевантните институции итно да реагираат.

-Дополнително министерот Демири ги прекина договорите на координаторот за срцева трансплантација при министерството, госпоѓата Андријана Ѓоргиев. Оттука се наметнува нашето прашање дали се наметнува оркестриран напад против државната Кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство, рече тој.

Тој е дециден дека не се зголемила смртноста на Клиниката откако тој ја предводи.

– Прецизната статистичка анализа покажува дека нема значајно зголемување на смртноста, туку зголемување на тежината на комплексноста на пациентите за околу 20%.

Постои тренд на намалување на смртноста. Последните пет месеци покажуваат дека смртноста е пониска од предвидената, односно од параметарот „Евроскор 2“, односно подобри сме од она што се очекува, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Марјан Шокаровски, директорот на Кадриохирургија, кој е разрешен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се чека одлука на Влада: Комисијата за заразни болести препорача затворање на школите, градинките и универзитетите

Редакција

Од Ковид-19 починаа 10 лица, најмладите на 33 и 44-годишна возраст

Редакција

Каков имот пријавила Косана Мазнева, која Арсовска ја разреши од директорското место во „Комунална хигиена“ Скопје

Редакција