еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Видео) Албански фудбалер ги опци Македонците, ФФМ бара да се извини, а УЕФА да го казни

Албанскиот фудбалски репрезентативец Мирлинд Даку по завршувањето на мечот помеѓу Албанија и Хрватска на Европското првенство во Германија зеде микрофон и вулгарно ги навреди Македонците и Македонија, а за неговото скандалозно однесување за кое треба да добие сериозна казна од Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), реагираше и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

„Изразуваме длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршувањето на вчерашниот натпревар Хрватска-Албанија на Европското првенство.

Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот.

Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.

Го повикуваме Мирлинд Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување“, реагираа од ФФМ.

На овој меч на кој доминираше примитивно националистичко скандирање од страна на навивачите на Албанија и Хрватска, реагираа и од Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), а Србија најави дека ќе го напушти првенството, ако УЕФА не ги казни репрезентациите на Албанија и Хрватска.

Заедничка мета на албанските и хрватските навивачи беа Србите, скандирајќи „Убиј го Србинот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Косовски новинар избракан од ЕП поради провокација

Видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите двајца директори на М-НАВ, Хекуран Асани и Милан Кораќ ќе стапат на функција следната недела

Редакција

Убава вест: 484 оздравени од Ковид-19

Редакција

Што знаеме до сега за бегството на азилантот Груевски

Редакција