еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч

Каратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, освои сребрен медал на турнирот од Светската младинска карате-лига (У21) што моментно се одржува во Пореч, Хрватска.

Во финалето во категоријата над 84 килограми тој се бореше со претставникот на Египет, Хусин Камел Хасан. Конечниот резултат беше без бодови, 0-0, но членот на скопскиот клуб не го освои првото место како резултат на судиското изјаснување, што беше во полза на египетскиот спортист.

До финалето во својата категорија Стојановиќ ги оствари следниве резултати во борбите против: Матко Зеленика (Хрватска) 1-0; Омар Абделбаки (Египет) 1-0; Данил Касаинов (Украина) 4-0. Во полуфиналето тој беше подобар од Зајед Албиши од Саудиска Арабија, со кого мечот заврши 2-0.

Карате клубот „Макпетрол“ има пет претставници во тимот на Македонија којшто учествува на Карате 1 Младинската лига во Пореч. Покрај Стојановиќ, дел од овој турнир се: Јована Мицовска (-61 кг.), Димитар Лозаноски (-67 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.). Тимот на „Макпетрол“ го предводи тренерот Петар Заборски.

На Светската Карате 1 Младинската лига настапуваат 3.639 каратисти со 3.714 натпреварувачки влезови од 74 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хаос во Бејрут: Од стравичната експлозија загинаа најмалку 78 луѓе, околу 4.000 се повредени

Редакција

Зголемување од 84,2%: За една недела 35 смртни случаи од Ковид-19 од 13 градови

Редакција

Ердоган најави повлекување од политика

Редакција