еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Едно лице убиено, а друго е повредено при пукање во Батинци

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во селото Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И. (34) и З.И. (31), двајцата од селото Црн врв.

На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје.

СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Редари и маски во маркетите до крајот на 2020 година

Редакција

И актерката Ива Илинчиќ проговори за Мика Алексиќ: „Се срамев, бидејќи бев злоставувана“

Редакција

(Фото) „Вила Двор“: Одлично место за престој во Охрид

Редакција