еМагазин
Image default
Спорт

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европската Универзијада во Унгарија

Македонската универзитетска карате-репрезентација ќе се натпреварува на претстојната Европска Универзијада во Унгарија, а дел од нејзиниот состав се и неколку спортисти од „Макпетрол“, информираат од таму.

Членовите на скопската екипа успешно ги завршија подготовките и заминуваат на големиот собир којшто од 14 до 19. јули ќе се одржи во унгарските градови Мишколц и Дебрецен.

На Европската Универзијада ќе земат учество преку 5.000 студенти од 400 универзитети од 40 европски држави. Тие ќе се натпреваруваат во 18 различни спортови.

„На летната Европска Универзијада заминуваме подготвени како и секоја година. Сакам да истакнам дека македонските карате-спортисти имаат голема традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзијади и светските универзитетски првенства.

Очекуваме добро претставување на македонскиот карате тим во Унгарија. Натпреварите во боречките спортови и во карате ќе се одржат во градот Мишколц во периодот од 16 до 18. јули,“ истакна Бошко Заборски, селектор на македонската универзитетска карате репрезентација.

Детални информации за случувањата на Европската Универзијада можат да се следат преку официјалниот вебсајт и каналите на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоковиќ по 10. пат го освои Австралија опен и се враќа на првото место на АТП ранг-листата

Редакција

Сејдини и Поповски не се “Северномакедонци“: Реакција на МНР до УЕФА

Редакција

И македонските фудбалери кои ќе доаѓаат од Италија за натпреварот со Косово ќе пополнуваат прашалник за коронавирусот

Редакција