На Македонска берза од денеска котира нова државна обврзница која Министерството за финансии ја издало на 11. јули, а рокот за доспевање е 11. јули 2039 година.
Емисијата е со вредност од 2.947.340.000 денари.
Издадени се 294.734 обврзници со единечна номинална вредност од 10.000 денари. Проследени се со каматна стапка од 5,6 проценти.
Овој вид хартии од вредност се без девизна клаузула.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.