еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 45 пожари, 10 се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) инфрмира дека во текот на вчерашниот ден, недела, 11.08.2024 година, имало вкупно 45 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, 3 се под контрола и 32 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод, Јасен – Белица (борова шума), Општина Пехчево, с.Негрево (мешана шума), Општина Новаци: с.Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово (ниска вегетација), Општина Кичево, с.Патеец (борова и букова шума), Општина Кичево, с.Челопеци и с.Бигор Доленци (мешана шума), Општина Кичево, с.Зајас (мешана шума), Општина Ресен, Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, охридска страна, (нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод, с.Грешница, с.Слатина (мешана шума), Општина Пласница, с.Пласница – с.Латово – Македонски Брод (нискостеблеста вегетација) и Општина Неготино, с.Црвени Брегови – с.Дубрава (11 ТППЕ, НШ) (нискостеблеста шума, багреми и сува трева).

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитерџиите за новите истраги на СЈО: Миле и смоки да отвори, ќе му се падне обвинение

Редакција

Алијанса на Албанците и Алтернатива не се предомислија, најавија амандмани за Законот за попис

Редакција

Поради негативни коментари, Град Скопје ја прекина кампањата во која наградуваше парично фотографии од седење дома

Редакција