еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Јавна опомена од Македонската берза за Вабтек МЗТ и ГТЦ

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвата Вабтек МЗТ АД Скопје и ГТЦ АД Скопје, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, информираа од таму.

-На друштвото Вабтек МЗТ поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи за 2023 година, заедно со годишниот извештај за работењето за 2023 година, усвоени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок со Правилата за котација, со што не постапи согласно член 40, точка 1 од Правилата за котација.

На друштвото ГТЦ поради необјавување на одлуките донесени од Собранието на акционери на друштвото, најдоцна до почетокот на тргувањето на првиот следен ден на тргување после денот на нивното донесување, со што не постапи согласно член 39, став 7 од Правилата за котација, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергенсите, вели вицегувернерката Митреска

Редакција

Актерката Силвија Стојановска и првообвинетиот Будисављевиќ не се чувствуваат виновни за шверц на кокаин

Редакција

Отпуштените работници ретроактивно ќе бидат вратени: Владата по барање на ССМ ја смени Уредбата

Редакција