еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лазо Узунчев нов директор на ЕСМ

Надзорниот одбор на АД ЕСМ, по препорака на Владата го назначил новиот Управен одбор на компанијата, информираа од таму.

За претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ е именуван Лaзо Узунчев, дипломиран машински инженер со претходно долгогодишно работно искуство на менаџерски позиции во приватниот сектор.

Во состав на Управниот одбор на Друштвото во државна сопственост, покрај Узунчев, именувани се и останатите членови: Реџеп Асани, заменик-генерален директор, како и членовите Ѓорѓи Ѓорѓиевски, директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски, директор на производство, Виктор Јовановски, директор за комерцијални работи, Иван Стојановски, директор за финансиски работи и Владимир Пејоски, директор на развој и инвестиции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари чувале граѓаните и фирмите во Комерцијална банка во првото полугодие

Редакција

(Фото) Негаторски цитат за Македонците виси на ѕидот во културниот центар “Ванчо Михајлов“

Редакција

Груевски избегал од Македонија преку див премин

Редакција