еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Апелацискиот суд Скопје го врати на повторно судење предметот против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, откако ја уважил неговата жалба и ја укинал пресудата на Основниот кривичен суд Скопје

Кривичен лани во декември го прогласи Зеќири за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки.

Освен казната затвор, Зеќири, Судот го задолжи да ја надомести и штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари

Зеќири е осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Покрај Васев, приведена и медицинска сестра за случајот со Онкологија

Редакција

Вакцинирани повеќе од 2.000 македонски државјани во Белград, денеска и утре се вакцинираат и 1.700 во Ниш

Редакција

Мицкоски на лидерската со Заев ќе го отвори прашањето за предвремени избори

Редакција