еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставен го укина балансерот, алатката за вработување во администрацијата по етнички клуч

Уставниот суд денеска на затворена седница ја укина алатката за вработување во администрацијата по етнички клуч.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови на уставните судии од кои шестмина се Македонци, двајца се Албанци, а еден е Турчин

Претходно минатиот месец Уставен одлучи да отвори предмет за балансерот и ги „замрзна“ вработувањата по оваа основа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопирани вработувањата по етнички клуч, Уставен го „замрзна“ балансерот

Претседателот на Уставен, судијата Дарко Костадиновски по донесувањето на одлуката изјави дека истата е донесена исклучиво според уставно-правна анализа и дека е неспорно дека правичната застапеност е втемелена во Уставот.

-Но од друга страна, Уставот исто така ги гарантира и слободата на изразување на национална припадност и еднаквите услови за достапност на секое работно место, како и забраната за дискриминација по кој било основ.

Јас како припадник, да речеме на некоја од помалите заедници воопшто немам право да аплицирам за некое работно место. Пример, јас како Влав не можам да конкурирам на конкурс каде се бара вработување на Турчин.

Прашувам, дали јас како граѓанин на оваа држава во која Уставот ми го гарантира тоа право, можам да конкурирам за тоа работно место? Не. А Уставот ми вика секое работно место ми е достапно под исти услови“, рече меѓудругото тој, според кого е манипулација дека оваа одлука може да ги наруши етничките односи или да биде повод за дестабилизација.

Од владината коалиција “Вреди“ најавија дека наскоро во македонското Собрание ќе биде доставен Закон за правична застапеност, со кој ќе се регулира оваа прашање.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спречен шверц на тон марихуана во Македонија

Редакција

Бугарија ќе им плаќа на македонските Бугари да ја тужат Македонија

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција