еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања уште на почеток тврдел дека таа е киднапирана, рече мајката на денешното судење

Мајката на Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска на денешното судење рече дека таткото Александар Ѓорчевски, уште дента на исчезнувањето тврдел дека таа е киднапирана.

„Велеше нема што друго да биде. Истото го повторуваше и во наредните денови и во еден момент му се развикав да престане да зборува така, дека полицијата користи друга терминологија.

Претпоставував дека ја идеализира и оти не може да прифати дека можеби побегнала,” раскажа Ѓорчевска.

Таа за себе рече дека откако Вања исчезнала на 27. ноември многу мисли ѝ се свртиле низ главата, но не помислила дека е грабната.

За станот на улицата „Наум Наумовски Борче“, таа потврди дека знае оти инвеститор на зградата била фирмата „Упа ентерпрајс“ и дека знае кој е Љупчо Палевски Палчо, но рече оти не го познавала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема докази дека Љупчо Палевски е виновен, вели неговиот адвокат Витановски

Одговарајќи на прашања, таа кажа дека станот го купил нејзиниот татко и дека не знае за никакви недоразбирања меѓу него и Палевски.

„Да имаше такво нешто, татко ми веднаш ќе се повлечеше. Ги имам документите и уплатниците за станот каде што сè е уредно и тие се предадени во Обвинителството”, рече Ѓорчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мајката на Вања за првпат во судница

Таткото на Вања е наместен од полицијата, кажа Палевски на денешното судење

И јас загинав на 27. ноември, од мене не остана човек, кажа таткото на Вања на денешното судење

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 32 оздравени од Ковид-19

Редакција

Сите детали: Освен затворска казна од 9 години, на Боки 13 ќе му се конфискуваат и 12 илјади евра

Редакција

Дебитантот Александар Тодороски победник на Макфест

Редакција