По една година пауза акцијата „Нахрани 10.000“ се враќа, а се со цел да се собере храна за семејствата на кои им е потребна нашата помош.
„Денеска и утре (сред и четврток) нашите волонтери повторно ќе бидат на неколку пунктови и ќе ги чекаат вашите донации.
Овој пат нашите штандови ќе бидат поставени во Веро Џамбо и Веро Аеродром од 12.00 часот до 20.00 часот, па се надевам дека ќе нѐ посетители ќе донирате.
Нашите пријатели Љубезност и Адра ќе бидат во Веро Тафталиџе, Тинекс Првомајска и Тинекс Драмски, а Хуманитарно здружение Умиление Виница ќе ве очекува во Виница, Штип, Македонска Каменица, Злетово и Кочани.
Уште еднаш да го покажеме огромноро македонско срце и да помогнеме на нашите социјално загрозени браќа и сестри. Бог да ве благослови!!!,“ се вели во апелот на Хуманитарната организација „Св.Спас“.