Обвинетиот Велибор Манев ја однел полицијата до местото Кула, каде бил закопан убиениот 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кажа на денешното рочиште поранешниот началник на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Тој рече дека колеги од Скопје им јавиле дека Манев е осомничен и дека треба да се уапси.
– Колеги го уапсија. Колеги од Скопје го обавуваа разговорот со него, јас само слушав. Манев ни го посочи местото каде е закопан Панче. Призна дека се убијци и на Вања. Со возило нѐ однесе до местото каде е закопан Панче, месност Кула, се оди по земјен пат. Тоа е дупка и тешко ќе ја најдете ако некој не ја посочи, оти е обрасната со дрвја.
Таму ни кажа дека сите четворица таму го убиле и го закопале, а дека пукал Палчо.
Дупката беше околу три метра. Не можевме да копаме ние, викнавме Пожарна служба која ни помогна да го извадиме телото, кажа Самарџиев и посочи дека парче од мобилниот телофон на убиената Вања Ѓорчевска било пронајдено во возилото на Панче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинетиот Влатко Кешишев ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања
Таткото на Вања на полицијата и кажал дека таа е киднапирана и убиена и дека џабе ја бараат