Калиопи направи концерт за паметење во арената „Борис Трајковски“ и уште еднаш покажа зошто е балканска ѕвезда. Професионална на сцена, емотивна со публиката, верна на својот музички израз, со неповторлив глас. Дива во секоја смисла.
Преку тричасовното музичко патување, покажа колку македонската публика и недостасувала, но и таа на публиката. Во салата имаше присутни од сите возрасти, и она што остави впечаток за оваа публика, е што за влез во салата имаше таков ред, што ретко се случува на концерти. Без турканици, наредени во ред, влегуваа културно и пристојно.
„Скопје…Се уште сум опиена од вашата енергија и љубов… Копнежот си го стори своето и за момент ми се причини дека и арената стана премала за нас…Каква величествена ноќ…Фала ви, убави мои! Бескрајно сум ви благодарна,“ напиша Калиопи на нејзиниот Инстаграм профил.
Гости на концертот на Калиопи беа Жељко Самарџиќ, Слаткаристика, како и Ромео Грил, кој и ги напиша нејзините најголеми хитови и е нејзин соработник веќе 40 години.
Во продолжение, слушнете ја песната „Вучица“ за која Калиопи ќе каже, дека ако постои песна која најмногу ја опишува тоа е оваа песна.
Фото. еМагазин.мк