Бојана Танеска Бонеска од Охрид, за која се собираат средства за лекување од канцер во Турција, информираше дека средствата се собрани.
„Господ не дава на сите се, туку на сите по нешто, за да можеме да си се најдеме. Како што вие ми се најдовте мене. Најголемата лична победа на секој човек во денешно време е да остане Човек и тоа е поголема од било кој материјален успех. А вие покажавте колку многу ја има меѓу нас.
Многу сум благодарна на мојот најмил Охрид, на мојата земја, дека ме држеа на раце кога немав тло под нозете. Дека ми дадоа воздух кога немав ни здив, дека ми подадоа рака, кога најмногу ми требаше… Ви благодарам на секој еден човек кој барем еднаш помисли и се помоли за мене.
На секој еден кој бар еднаш донира, сподели или мотивира некој друг. Човекот не е гладен само за храна, туку и за добрина. Ве известуваме дека потребните средства се собрани.
Животот не е секогаш удобно место на фотелја, знае да се урне како кула од карти. Се ова е Божја промисла, која не учи да сме понизни и да не врати кон него. Мојата борба ќе трае, но знам, колку и да е тешко, душата кога поминува низ болка станува помирна и поблиска до Бога, а кога се има поддршка, се е полесно. Ви посакувам Бог да ви даде здравје,“ пишува Бојана.
На Бојана и се потребни 90.000 евра, за да го продолжи лекувањето во Турција, бидејќи девет месеци се бори со рак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да ѝ помогнеме на 38-годишната Бојана во борбата против ракот