еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Најмалку десет загинати, четворица исчезнати и 2.000 спасени во поплавите во Грција

Во невремето „Даниел“ што од вторникот ја зафати Грција, вкупно десет лица ги загубија животите, четворица се исчезнати во областите Волос и Пилио, а спасени се речиси 2.000 лица, соопшти министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето кое го погоди Волос во Грција

Кикиљас попладнево информираше дека од завчера кога во 14 села започна акцијата за евакуација и спасување со воздушни и копнени средства, со хеликоптерите на противпожарната служба и армијата биле спасени 296 лица, од кои на 150 им била потребна итна медицинска помош, додека на копно, со чамци и возила 1.700 лица биле пренесени на безбедни локации.

Во акцијата се вклучени над 1.000 спасувачи од цивилната заштита и армијата, како и вкупно 20 хеликоптери од противпожарната служба, од армијата, од грчката полиција, како и три швајцарски хеликоптери кои во Грција беа за гаснење на пожарите, а сега се користат за дистрибуција на храна и вода за отсечените села.

Во однос на ситуацијата со реката Пиниос во околината на Лариса, Кикиљас рече дека се во континуирана состојба на готовност и истакна дека „потребна е голема внимателност од сите, бидејќи поплавите може да се интензивираат во секое време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вознемирувачки сцени и од Атина, невремето „Даниел“ направи пустош низ Грција

(Видео) Вознемирувачки снимки од Скијатос по бурата која ја погоди Грција, островот е без струја и вода

(Видео) Застрашувачко водено торнадо на грчкиот остров Евиа

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов со семејна фотографија ја честиташе Новата година

Редакција

Како држава не сме под некоја безбедносна закана, но економските импликации веќе се чувствуваат, вели Османи

Редакција

Државните ревизори утврдија дека во СЈО се делеле додатоци на плата спротивно на регулативата

Редакција