еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државните ревизори утврдија дека во СЈО се делеле додатоци на плата спротивно на регулативата

Државниот завод за ревизија по контролата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) утврдил дека во периодот септември-декември 2015 година по основ на додатоци на плата на Јавниот обвинител и јавните обвинители спротивно на регулативата им биле исплатени 2,1 милиони денари.

Имено, тие добивале додаток за за посебни услови за работа во износ од 15.000 денари, додаток за постоење висок ризик во износ од 25.000 денари и додаток за доверливост во износ од 30.000 денари.

Законот предвидувал дека вкупниот износ на висината на дотоците не смее да надминува 35% од основната плата.

„Ревизијата истакнува дека со ваквиот начин на утврдување на висината на додатоците во 2015 година, износот на исплатените додатоци го надминува износот на исплатените средства за основна плата по лице“, се вели во извештајот.

Целиот извештај на ДЗР ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 410 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Редакција

Од 5 април доматите 70 денари, кромидот 60, пиперот 90, лимонот 55, а бананите 70 денари

Редакција

Детален преглед: Кој се биде дел од кабинетот на претседателот Пендаровски?

Редакција