еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Barcelona Gipsy Balkan Orchestra доаѓаат во Скопје

Barcelona Gipsy Balkan Orchestra (БГКО) повторно доаѓа во Скопје! Солистичкиот концерт на еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата е закажан на 28. февруари во Филхармонија.

БГКО во годината пред нас полни 13 години музицирање на сцената, творештво и интерпретација на уникатен звук кој ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот. За нив не постојат граници, апсолутно никакви, а нивната музика инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот е емотивно патување кое ветува уникатно и автентично искуство, какво што нѐ очекува уште еднаш (по она во 2022 година) – на 28 февруари 2025 година.

Сицилијанската пејачка Маргерита Абита,која на членовите на Barcelona Gipsy BalKan Orchestra (БГКО) им се придружи во ноември 2019 година и донесе нови вкусови, свежа енергија и нова суштина во оркестарот, што зад себе има 7 студиски албуми, настапи во повеќе од 40 земји и лојална база на фанови на BGKO Јутјуб-каналот, во Скопје доаѓа придружувана од Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија)Алберт Енкаминанко (перкусии, Шпанија)Жулиен Шанал (гитара, Франција)Чави Пендон (кларинет, Шпанија)Олександр Сора (виолина, Украина) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).

БГКО е меѓународна формација од која произлегуваат најдобрите аранжмани, каде што секој инструмент има свое место и простор. Текстурите и тембрите се фино измешани во служба на секоја песна, од евоцирање емоции до френетичен транс ритам, а интересно е дека на нивниот репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие“, „Македонско девојче“„Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска...

Приказната не завршува тука, ниту нивната музичка и творечка ниту делот кој допрва треба да го испишат заедно со македонската публика. Затоа на 28 февруари – денот резервиран за уникатно музичко патување со неверојатната музичка формација која освојува на прва – бидете во Филхармонија, бидете дел од незаборавната вечер која ќе ги освои и наполни срцата и на најпребирливите музички сладокусци.

Влезниците за овој концерт веќе се пуштени во продажба по цена од 1.000, 1.200 и 1.500 денари, и тоа прекупродажната мрежа на mktickets.mk (Barcelona Gipsy Balkan Orchestra – MKTickets).

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заваровалница Триглав и официјално стана трет пензиски фонд на македонскиот пазар

Редакција

Бугарија ќе го стави на располагање својот гасовод на Македонија

Редакција

Вкупно 412 трудници во Македонија заболеле со Ковид-19, починале 3

Редакција