Маж на возраст од 40 години загинал во сообраќајката на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кај селото Рибарци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на патот Кавадарци-Росоман
Се работи за лицето М.П., кое било сопатник во товарно возило „опел“, управувано од Б.Ј. (46) од Велес, кое се судрило со патничко возило „сеат“, управувано од 18-годишната В.З. од Градско.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, како и девојката која го управувала патничкото возило.
Телото на починатиот е дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.