еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Вечер со Руми: Последниот книжевен препев на Драги Михајловски

На 28. ноември, четврток, од 19:19 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се одржи промоција на последниот објавен книжевен препев на Драги Михајловски – најновото еднотомно издание на ТРИ од поезијата на Руми, „Големата црвена книга“.

Џелаледин Мевљана Руми е еден од најголемите, најчитаните и најтолкуваните поети во светот. Неговите стихови претставуваат непроценливо светско наследство и досега се препеани од повеќе македонски преведувачи и поети.

Меѓу нив, освен познатиот препев на Драги Михајловски, се вбројува и Ана Пејчинова, која ќе биде промотор токму на ова дело. Заедно со Ирена Јурчева, која е втората говорничка на настанот, и Виолета Танчева-Златева во улога на модераторка, таа ќе зборува за поезијата на Руми и ќе се обиде да проникне во длабочините на овој препев.

„Добрата поезија е над сите граници и не може да биде ограничена ни од религијата ни од времето“, се вели во предговорот на ова издание, а меѓу кориците на оваа книга е собрана токму таква поезија.

Влезот е слободен и поканет е секој кој умее во поезијата на Руми да ги препознае портите за надминување на материјалните граници на постоењето.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР откри мултимилионски криминал: Кривични пријави за 12 лица – стечајни управници, инспектори, управители, банкари..

Редакција

Вкупно 2.900: Од Ковид-19 починаа 7 лица

Редакција

Цените драматично растат: Инфлацијата во Грција во мај 11,3%

Редакција