Вчера во Кинотека на Македонија во Скопје беше промовиран видео записот за инклузивната песна „Гуш и Бац“, која за првпат беше изведена минатиот месец на „Златно славајче“.
Песната е веќе хит меѓу децата, а ја пеат здравствениот работник и активист, Денис Јанкуловски познат како Космонаутко, кантавторката Наташа Мијат Крстевска, позната како Мијата и децата од „Златно славајче“.
Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот е на Бојан Димитровски и Наташа Мијат Крстевска, која е и продуцент на проектот. Гитара свири Стефан Маневски, а бас гитара Горан Димитровски.
Придружни вокали се Димитар Иваноски, Мила Крстевска, Стефан Маневски, Никита Крстевска, Дамјан Иваноски, Лина Маневска и хорот на Златно славејче.
Миксот и мастерингот се направени од Бојан Димитровски и Валентино Скендеровски, а аудио инжењер е Ивица Јанкуловски од студио Алшар. Видео продукцијата е во рацете на Moonlight TV & Film Production.
Песната и видеото се дел од кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој.
Фото/видео: Фејсбук/Јанкуловски/Јана Апостоловски/Крстевска