еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Планинската спасувачка служба од Охрид спасила ловечко куче, кое за да соработува си го барало сопственикот

Спасувачката служба од Охрид вчера добила повик од група ловци чие ловечко куче се изгубило претходниот ден. Со помош на околувратникот со вграден ГПС локатор, го лоцирале кучето на едно хоризонтално зарамнување од ископот на каменоломот во с. Речица, 100-на метри од подножјето и околу 50-на од горниот раб на ископот.

„Поради сериозната експонираност на теренот, ловците побараа помош од ПСС, по што еден тим од двајца спасувачи веднаш излезе на терен. Дополнителен проблем претставуваше тоа што кучето единствено соработува со неговиот сопственик, поради што бевме принудени во операцијата покрај припадникот на ПСС, да го обезбедиме и спуштиме до кучето и самиот сопственик. По неколку часа, кучето и сопственикот беа извлечени на сигурно и спуштени во подножјето на каменоломот.

Ова е уште една од многуте акции, во кои нема поврдени луѓе, но вештините на планинските спасувачи, се единствени кои можат да спречат влошување на состојбите и предизвикување на емотивен шок за луѓето, во случајов сопствениците на кучето, кои беа видно загрижени за неговата безбедност.

Затоа постоиме и доброволно го правиме она што најдобро го знаеме, со цел да го намалиме страдањето на луѓето во ситуации кога истото изгледа невозможно.

Задоволството е наше, особено кога сме помогнале во деликатни ситуации и притоа никој не е повреден,“ велат од Планинската спасувачка служба од Охрид.

Фото: Спасувачка служба Охрид/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бебе киднапирано во ГТЦ, приведена сторителката

Редакција

Камчев, Панделески и Јосифовиќ се ослободени од куќен притвор, ќе се бранат од слобода

Редакција

Проф. Трајковски: Омикрон-обрачот веќе се стеснува околу Македонија, ќе пристигнат и печалбарите и повеќе ништо не може да се стори

Редакција