И владејачката коалиција „Вреди“ го осуди барањето на Костадин Костадинов, лидер на проруската и крајнодесничарската партија „Преродба“ за спојување на Македонија со Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерот на бугарската „Преродба“ бара припојување на Македонија кон Бугарија
Од коалицијата велат дека изразуваат загриженост и ја осудуваат изјавата на Костадинов, кој го нарече „некој маргинален проруски политичар во Бугарија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Костадинов, лидерот на „Преродба“ кој бара припојување на Македонија кон Бугарија
Од „Вреди„ потенцираат дека ги осудуваат провокациите „кои го отежнуваат динамизирањето на патот на Северна Македонија кон Европската Унија (ЕУ)“ и дека изјавата на Костадинов не придонесува кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Македонија во Европската Унија.
„Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да биде партнер, промотор и поддржувач на Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија.
Коалицијата „Вреди“ во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство„, велат од таму
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Костадинов/Фејсбук