еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожар во дом за стари лица во кавадаречко, безбедно извлечени сите станари, од кои и петмина неподвижни

Триесет повозрасни лица, од кои петмина биле неподвижни, се безбедно извлечени по пожар во домот за стари лица во селото Чемерско, Општина Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Според првите информации, прво се запалил оџакот, а од него кровот на домот. Во истиот дом биле сместени 30 постари луѓе од кои пет биле неподвижни. Но, сите се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ќе бидат евакуирани во Општата болница во Кавадарци.

Во моментот кога е известен ЦУК, имало потреба од дополнителни возила од Итната медицинска помош (ИМП) Велес за транспорт на лицата кои се неподвижни, па се координираше со ИМП Велес преку Центарот за управување со кризи Велес, да бидат упатени кон селото Чемерско за да помогнат во транспортот“, соопшти ЦУК.

На терен интервенирале 10 пожарникари со три противпожарни возила, три медицински тима и две полициски возила со осум полицајци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 520 случаи на Ковид-19 од 3.023 тестирања

Редакција

Што треба да направите ако сте го пропуштиле терминот за вакцинација?

Редакција

Убава вест: 142 оздравени лица од Ковид-19, во Скопје 68

Редакција