еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Ваучери од 200 евра за најдобрите работници на Sport Life

„Sport Life“ обложувалници, четврта година по ред го организираа настанот на кој ги наградија своите најуспешни вработени, информираат од таму.

За нивните достигнувања и за професионалното ангажирање во текот на 2024 година, 70 вработени добија ваучери во вредност од 12.000 денари, коишто можат да ги искористат за одмор, патувања, шопинг во бројни трговски центри и за други услуги.

Наградените вработени беа избрани според јасно дефинирани критериуми, кои ги вклучуваа нивните резултати во различни сегменти на работниот процес во текот на годината, како и нивниот стаж и искуство во „Sport Life“.

„Грижата за вработените и развојот на тимскиот дух во „Sport Life“ е наша приоритетна цел, и таа се одвива во текот на целата година. На крајот на годината само ги сумиравме резултатите и заеднички го прославивме успехот“, велат од „Sport Life“.

„Sport Life“ е лидер во областа на спортските обложувалници и игрите на среќа, со повеќе од две децении искуство на пазарот. Компанијата континуирано инвестира во својот тим преку обуки, тренинзи и стипендии за образование.

За постигнување на високи резултати, вработените добиваат редовни бонуси и награди, како и можности за кариерен напредок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе жени, најмногу на возраст од 30-39 години: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Арбен Таравари објави кандидатура за претседател на Македонија

Редакција

Проф. Трајковски: „Eфективноста на вакцините против смртен исход, сé уште не покажува знаци на намалување“

Редакција