Премиерот Христијан Мицкоски утринава имал координација со министерот за економија и труд, заменикот, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата и директорот на Државниот пазарен инспекторат на која што договориле чекори коишто ќе се случат почнувајќи од денеска.
„Знаете дека за време на вчерашната прес-конференција, на самата иста прес-конференција беа потенцирани два ланци на маркети коишто, од страна на ваши колеги, коишто можеби, според нивното кажување, прават одредени, би рекол изигрувања на законите и процедурите и денеска истите тие ќе подлежат на ригорозна контрола и деновиве коишто следат.
Бидејќи според информациите со коишто располагаме, имаме отприлика околу 20.000 коминтенти по ланец супермаркети и ќе треба да длабоко се навлезе во тоа да видиме дали постојат вакви индиции.
Но, истовремено и други трговски, би рекол, објекти ќе бидат подложни на ваков тип на контроли, бидејќи стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме сѐ како Влада да го заштитиме стандардот на граѓаните. И тоа треба сите да го знаат и да знаат дека сме сериозни и овој напад, го сфаќаме како напад врз стандардот на граѓаните, а ние како Влада имаме право и обврска да го штитиме интересот, јавниот и интересот и стандардот на граѓаните,“ изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Треба бојкот и на кафичи„: Лавина од реакции на социјалните мрежи за бојкот на маркетите
Масовна подршка на социјалните мрежи, ќе успее ли бојкот на маркетите?
Најавен бојкот на маркетите и во Србија и Словенија
Фото: Игор Бансколиев