Tриглав Осигурување АД, Скопје лани остварил нето добивка во износ од 55,8 милиони денари, што претставува раст од 18% во однос на минатата година, информираат од таму преку Македонската берза.
-Нето приходите од премија за 2024 година изнесуваат 1.084 милиони денари, што претставува зголемување во однос на 2023 година за 2%, односно за 17 милиони денари, велат од таму.
Приходите од вложувања изнесуваат 66 милиони денари и се за 15% повисоки од 2023 година.
Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 104 милиони денари и се повисоки за 15 милиони денари, односно за 16% во однос на 2023 година, во согласност со растот на премија предадена во реосигурување.
Oстанатите осигурителни приходи, заедно со останатите приходи се зголемени за 18% (3,8 милиони денари) поради реализирана добивка од 4,5 милиони денари од продажба на два недвижни имоти, велат од таму.
Нето расходите за штети се во износ од 594 милиони денари и се за 22 милиони денари (4%) повисоки од минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tриглав Осигурување со загуба во првите три месеци
Tриглав Осигурување лани со зголемена добивка