Притворениот Васил Јованов, за прегазувањето на Фросина Кулакова на пешачки премин, во притвор имал телефон. Фотографијата од него, беше споделена на социјалните мрежи.
„Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР – Сектор за внатрешна контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот – монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корумпцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно,“ напиша сестрата на Фросина, Росица Кулакова.
Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ изјавил дека мобилниот телефон му бил одземен, извршен бил претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов бил преместен во самица. Ќе следувало и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.
За утре повтрно е најавен протест за Фросина Кулакова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор
„Крвави ви се рацете“ порачаа младите на протестот за Фросина Кулакова, пред Кривичен суд
Фото/Unsplash