еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Небезбедна серија на сок од брендот ХИПП се повлекува од пазарот

Од пазарот се повлекува небезбедна серија од органски био сок од јаболко од брендот ХИПП. Се повикуваат потрошувачите кои го имаат купено посочениот производ истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде е купен, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

– Врз основа на нотификацијата која преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби вчера во доцните попладневни часови, утрово, врз основи на извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник и издаде решение и забрани пуштање во промет на небезбеден производ – органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967,од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година.

Повлекувањето, како што е истакнато во РАССФ нотификацијата, се врши поради детектирана опасност од присуство на туѓо тело, стои во соопштението од АХВ.

Оттаму дополнуваат дека бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот му е наредено да изврши и повлекување/отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитерџиите за судската пресуда за Јанкулоска: Вака како што сме тргнале, сите ќе завршиме во затвор

Редакција

Обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на новa фирма, велат од РКЕ

Редакција

За Нова Година топло време, температура до 16 степени

Редакција