еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор секаде каде што момчето од Берово побарало помош

Инспекцискиот надзор во Клиничката болница Штип за починатиот пациент од Берово сè уште е во тек, а дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот побарал лекарска помош, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

– Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сè уште во тек. Дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзана со лекувањето на пациентот, се вели во соопштението.

По завршувањето на инспекцискиот надзор од ДСЗИ велат дека ќе биде изготвена комплетна информација за констатирана фактичка состојба. Од страна на ДСЗИ, исто така ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надзор до Министерот за здравство.

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациентот Ј.Д. од Берово по извршена хируршка интервенција на заб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за 25-годишниот пациент од Берово, кој почина од сепса: На Ургентен во Скопје бил примен во многу тешка состојба, со знаци за тешка системска инфекција

25-годишно момче починало од сепса по дренирање заб: Вонреден инспекциски надзор во штипската болница

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска пред Уставен ќе го оспори балансерот за вработувањата по националност

Редакција

Инспектори утврдија дека РЕК Битола со години не труе со сулфур диоксид: Македонија ќе плаќа казни

Редакција

Катица Јанева во затвор работи како библиотекарка

Редакција