еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

25-годишно момче починало од сепса по дренирање заб: Вонреден инспекциски надзор во штипската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Штип за 25-годишниот пациент кој починал од сепса, информираат од Министерството за здравство.

Како што соопштија од МЗ, директорот на штипската болница Ален Георгијев побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентот.

Претходно роднините на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница.

Смртта на пациентот ја потврдија и од штипската болница.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

О2 Иницијатива: „Од денеска дел од пластичните кеси ќе се наплаќаат, пластиката и понатаму си останува околу нас“

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од Скијатос по бурата која ја погоди Грција, островот е без струја и вода

Редакција

На Табановце за влез во земјава се чека до 40 минути

Редакција