еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

30 дена притвор за Мирчески, поранешниот директор на СОРЗ на Владата

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОРЗ) на Владата, Пеце Мирчески, доби 30 дена притвор.

Како што е познато Мирчески вчера беше приведен откако Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за четири кривични дела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мирчески приведен со сопственик на рент-а-кар сервис

Од Основниот кривичен суд Скопје денеска информираа дека судија на претходна постапка го прифатил предлогот на Основно јавно обвинителство за определување притвор за Мирчески, како и мерки за претпазливост за другото лице кое е дел од истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој друг беше приведен со Мирчески, поранешниот директор на СОРЗ на Владата

-Се прифаќа предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2, односно Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците.

Воедно прифатен и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. согласно чл. 146 ст. т1,2,3 и 6 односно Одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска да се јавува во судот, Забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Пеце Мирчески, поранешниот директор на СОРЗ, кој е приведен

Детали од Финансиската полиција за истрагата за Мирчески, поранешниот директор на СОЗР на Владата

Фото: Влада/Фејсбук/Мирчески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија да го промени Уставот како што вети, порача идната еврокомесарка за проширување, Кос

Редакција

Еден новозаболен со Ковид-19, четворица оздравени и уште еден починат од Прилеп

Редакција

До кога Рикер, Хан и други ќе мора да бидат дадилки на македонските политичари?

Редакција