еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка за Мустафа Хајрулахи

Денеска на седница на Советот на јавни обвинители едногласно беше одлучено обвинителката од Вишото јавно обвинителство, Наташа Крстевска Цалева да раководи со Обвинителство, додека трае кривичната постапка за вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

На крајот на јануари годинава за Хајрулахи беше поведена дисциплинска постапка поради утврдени неправилности во начинот на заведување на предметите во Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дисциплинска за обвинителите Хајрулахи и Цветановски

Тој беше реизбран за виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје во декември 2022 година, а кон крајот на минатата година тој беше суспендиран од функцијата откако против него беше покрената истрага и поднесена кривична пријава.

Од Основното јавно обвинителство тогаш соопштија дека истрага е за малтретирање во вршење на службата и злоупотреба на службената положба и овластување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Мустафа Хајрулахи, кој заработи кривична за малтретирање на вработени и е суспендиран од функцијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Груевски на насловна на унгарскиот магазинот ХВГ: “Ја сакам Унгарија“

Редакција

Пратеникот на СДСМ, Зекири до Камчев: Подобро да молчиш, од одговорност за злоделата нема да избегаш

Редакција

(Видео+фото) Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

Редакција