Градоначалникот на Куманово и претседател на ЗНАМ, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во Владата, Максим Димитриевски има резерва за промената на државниот грб.
Тој не гледа потреба истиот да се менува, бидејќи таков каков што бил сега ја отсликувал македонската историја и реалност, но смета дека секој предлог е вреден за разгледување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Сите тие симболи нам нѝ значат вклучувајќи го и лавот и сонцето од Кутлеш коешто за жал согласно преспанскиот Договор повеќе не е составен дел од таа иконографија. но, како и да е – исто така е и петокраката.
Јас лично сметам дека овој грб којшто државата во моментов го има ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и ја отликува реалноста на македонскиот народ и држава.
Ние од ЗНАМ сметаме дека не треба да се дозволи од државните обележја да имаме дополнително наметнување на политиката и партизација“, изјави Димитриевски.
Вели и дека неговата партија не била консултирана за мислење во разговорите на оваа тема што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди веќе ги почнаа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пати се менувал државниот грб на Македонија
„На македонскиот грб треба да стои лева рака и десен џеб“: Реакции за менувањето на државниот грб
Да се решеле прво етничките, па потоа економските прашања, вели Таравари
Фото: ЗНАМ