Следниот петок, на 28. февруари во Грција ќе има сенароден масовен штрајк поради двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, претежно млади.
Неколку часа нема да возат таксистите и бродовите, се најавува затворање на бројни продавници низ целата земја, но и нефункционирање и на јавниот превоз, а во штрајкот се вклучуваат и трите најголеми синдикати.
Истражување објавено деновиве покажа дека дури 72% од Грците сметаат дека имало обиди од страна на Владата за прикривање за причините за несреќата, а неодамнешните нови докази покажаа дека околу 30 лица биле живи по ударот на патничкиот со товарниот воз, но неколку минути подоцна починале поради недостаток на воздух и експлозија во товарниот воз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дополнително деновиве беше пронајден мртов син на обвинителка од Лариса, која до пред извесно време го водеше случајот, а кој се водеше за исчезнат од 30. декември.
Се очекува Солун и Атина да бидат целосно блокирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ