еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Шоурумот за македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ слави роденден

Шоурумот за македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ во сабота, 1. март, со почеток од 12 часот напладне го прославува својот прв роденден со настан во соработка со „BIG SEE Македонија“.

Како дел од соработката меѓу македонскиот шоурум „Лаб дизајн маркет“ и платформата за архитектура и дизајн „BIG SEE“ со седиште во Љубљана, Словенија, македонскиот огранок од словенечката организација ќе одржи презентација на победниците од Македонија во катерогијата мода и дизајн на производ што платформата „BIG SEE“ ги доделува годишно од 2018. година.

Програмата на роденденската прослава ќе започне во 12 часот со презентацијата на која ќе учествуваат модните дизајнери Марија Милошевска, Евгенија Зафировска и Драган Христов, како и дизајнерите на производи Катерина Трпковска, Деа Беатовиќ и Марта Грнаровска Наумовска модерирана од координаторот на „BIG SEE Македонија“ Ана Бојаџиевска.

Посетителите ќе може одблиску да се запознаат со новитетите во работата на македонските дизајнери и како „BIG SEE” наградите влијаеле во нивната кариера.

Во вториот дел ќе може да се погледне изложбата „ Од концепт до награда – BIG SEE дизајн приказни“, по што следува роденденската прослава на „Лаб дизајн маркет“ во добро познатата опуштена атмосфера со музика и пијалаци.

„BIG SEE“ е платформа за промоција на дизајн од југоисточна Европа основана во раните 2000., домаќин на 2 национални и интернационални награди, саеми за архитектура и дизајн и организатор на конференции и настани со цел да направи промени во начинот на кој луѓето живеат и работат, а пред сѐ консумираат.

Тимот на „Лаб дизајн маркет“, „BIG SEE Македонија“ и „Лабораториум“ ги покануваат сите вљубеници во добриот дизајн заеднички да го прослават роденденот на единствениот шоурум кај нас на овој еднодневен настан во сабота, 1. март, од 12 до 18 часот.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 442 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Екстра лесното масло поевтинува за 2 денари, цените на останатите горива непроменети

Редакција

Вкупно 7.688: Од Ковид-19 починаа 8 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција