еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Девизните резерви достигнаа историски максимум од 5.029 милиони евра

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 27 февруари 2025 година, ги разгледа последните макроекономски показатели, како и информациите за управувањето со девизните резерви во последниот квартал на 2024 година.

„Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, меѓународните организации очекуваат стабилизација на глобалниот економски раст во периодот 2024 – 2026 година, со врамнотежени краткорочни ризици, но надолни среднорочни ризици поврзани главно со трговската неизвесност и геополитичките тензии.

Макроекономската состојба кај нас е во согласност со октомвриските проекции, со годишен раст на БДП од 3% во третиот квартал од 2024 година и показатели за продолжен раст во четвртиот квартал.

Просечната годишна стапка на инфлација во 2024 година изнесува 3,5% и целосно е во согласност со последните проекции на Народната банка. Сепак, неизвесноста во однос на идната динамика на инфлацијата и натаму постои, а е поврзана со цените на примарните производи поради геополитичките и климатските фактори, како и поради одредени фактори од домашен карактер коишто можат да влијаат на агрегатната побарувачка,“ се вели во соопштението на Народна банка.

Во декември 2024 година, вкупните депозити и кредити пораснаа над очекувањата, со годишен раст од 11,4% и 11,2%, соодветно. Анкетните податоци укажуваат на олеснување на кредитните услови и зголемена побарувачка на кредити.

Според Извештајот за управувањето со девизните резерви, на крајот на декември 2024, девизните резерви на земјава достигнаа историски максимум од 5.029 милиони евра, со повеќе од 60% вложени во хартии од вредност, главно државни обврзници од еврозоната.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Растат трошоците на градежниците: Ќе има ли „посолени“ цени на становите?

Редакција

(Фото) Поставена првата паметна соларна клупа во Македонија

Редакција

Поевтинуваат дизелот и мазутот

Редакција