Битолскиот хирург М. С. (64) од Основниот суд Битола е казнет условно за мито од 150 евра.
На судската расправа на 14. февруари, тој признал вина, а од Основното јавно обвинителство Битола поднеле жалба за пресудата, пренесоа повеќе медиуми.
Во меѓувреме тој се пензионирал.
Според обвинението тој како доктор-хирург на Одделението за хирургија при Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, извршил операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде 150 евра за да се почестел за извршената работа.
Синот следниот ден во просториите на болницата, во плик му дал три банкноти од по 50 евра. Откако ги примил, му бил извршен претрес и службени лица од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола ги пронашле и одзеле парите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен хирург од битолската болница, примил мито по извршена операција
По ова, тој беше уапсен во просториите на болницата, по што му беше изречен притвор прво од осум дена, а потоа продолжен за 30.
Од болницата се оградија од него, покренаа постапка за суспензија и го сменија од раководното место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познато колкав поткуп примил битолскиот хирург, доби и осумдневен притвор
Фото: Унсплеш