еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиство во кривопаланечко: Го убиле соседот, го ограбиле, па го запалиле

Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф. (19) и З.Ф. (24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

-На 24.03.2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет.

Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале.

Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор, информираа од полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„На Захариева и паднал шеќерот“: Твитер „поцрвене“ по последниот апсурд за славењето на Тито

Редакција

Кога Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија, за еден месец или за повеќе?

Редакција

Министерство за правда подготвува ново барање за екстрадиција на Груевски

Редакција