Десет години кон иднина без чад – вака Philip Morris International (PMI) одбележува една деценија стратешка деловна трансформација со објавувањето на својот шести Интегриран извештај за одржливост, информираат од таму.
Интегрираниот извештај ја опишува стратегијата на компанијата, бизнис моделот и резултатите поврзани со производите („што“ компанијата произведува) и оперативните перформанси („како“ работи компанијата). Извештајот го опишува пристапот на PMI кон одржливост преку пет стратешки столбови: усогласеност и управување со ризик, оперативна ефикасност, иновации, продуктивно влијание и транспарентност, посочуваат од таму.
„Ова е важен момент за нас – десет години откако воведовме производи без чад како IQOS, VEEV и ZYN. Денес, имаме околу 38,6 милиони возрасни корисници ширум светот, а производите без чад се присутни на 95 пазари и сочинуваат приближно 39% од нашите вкупни приходи“, рече Јацек Олчак, извршен директор на PMI. „Овие резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат – дека трансформацијата на бизнисот може и мора да оди рака под рака со создавање долгорочна вредност за општеството.”
Клучни резултати за одржливост за 2024 година: 6 пазари каде што повеќе од 75% од приходите доаѓаат од производите без чад, 14+ милијарди долари инвестирани во научен развој и верификација на производи без чад од 2008 година, 99% од индиректната малопродажба е покриена со програми за спречување на пристап на малолетни лица до тутунски и никотински производи, 0,01% забележани случаи на детски труд меѓу одгледувачите кои снабдуваат тутун за PMI, 99% од одгледувачите остваруваат приходи што овозможуваат достоинствен живот, 61% од производните капацитети имаат сертификат за јаглеродна неутралност.
Компанијата исто така објави дека за серијата IQOS ILUMA и уредите се објавени првите EPD декларации, кои се усогласени со меѓународните стандарди. EPD е документ кој обезбедува транспарентни информации за еколошкиот влијание на производот низ неговиот животен циклус, вклучувајќи го производството, употребата и отфрлањето.
Интегрираниот извештај е подготвен во согласност со водечките меѓународни стандарди за известување за одржливост (GRI, ISSB, SASB), а напредокот се мери преку PMI Sustainability Index – алатка која обезбедува јасен, објективен и конзистентен увид во постигнатите цели.
„Знаеме дека вистинскиот напредок се случува кога целите се и амбициозни и реални. Нашиот Индекс за одржливост ни помага паметно да ги поставиме тие цели и да ги мериме транспарентно, обезбедувајќи веродостојно известување.
Нашата посветеност на одржливоста е неразделна од иднината на нашиот бизнис, создавајќи опиплив ефект во рамките на нашата контрола и сфера на влијание и придонесувајќи за трансформација која ги надминува границите на нашата компанија,“ истакна Џенифер Мотлс, директор за одржливост во PMI.
Целиот извештај е достапен на линкот.