еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Денеска, беше претставен комплетно реновираниот и опремен оддел за висцерална и абдоминална хирургија, на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во вредност од околу 4 милиони денари – донација на компанијата Спорт Лаиф обложувалници, информираат од таму.

Проектот започна во 2024 година и опфати целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните инсталации на одделот.

Оваа година, Спорт Лаиф обезбеди дополнителни средства за опремување на истиот простор со 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија.

Согласно потребите на болницата беа обезбедени и 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10 апарати за мерење притисок и 20 апарати за мерење на гликемија.

„Покрај реновирањето на холот, на собите на пациентите и на болничкиот персонал, решивме да направиме дополнителни напори просторот да го опремиме и со нов медицински мебел, кој ќе создаде подобри услови за постоперативните пациенти. Сметаме дека тоа беше неопходно за оваа водечка институција за хируршки болести која има огромна традиција и централна улога во нашето здравство.

Како општествено одговорна компанија, тука сме да го дадеме својот придонес за развој на општеството, и за поддршка на хуманите цели“, изјави Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф.

„Со оваа интервенција, капацитетот на одделот за постоперативна нега на пациентите, на површина од скоро 400 м2 е целосно обновен и опремен за прием и лекување на пациенти од одделот за висцерална и абдоминална хирургија. Опремените простории со нов и модерен медицински мебел и опрема, ќе овозможат подобрени болнички услови за нивна нега и лекување.

Нашата клиника е меѓу институциите со долг историјат и традиција и проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди се добредојдени и во иднина. Во име на целиот персонал, ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка и се надеваме дека ќе биде пример и за другите општествено одговорни компании“, изјави д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Спорт Лаиф обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка и реализација на проекти во областите на здравството, спортот и други општествени и хуманитарни цели, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секоја чест: „Кнауф Радика“ донираше 800.000 денари за изградба на централен систем за кислородна инсталација во дебарската болница

Редакција

(Фото) ФФМ ги предаде амбулантните возила во трајна сопственост на Градската болница

Редакција

Врачени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство за 2019 година

Редакција