Во нова епизода на култната анимирана американска серија „Симпсонови“ ќе се појави лик од Македонија, кој е спортист и станува нова сензација во градот Спрингфилд.
Тој игра бејзбол, нетипичен спорт за Македонија.
Информацијата на Фејсбук ја сподели Невена Нешкоски, која заедно со брат и Наум и сестра и Невена, кои живеат во САД, а потекнуваат од Македонија, биле дел од изработката на епизодата.
Нешкоски се креатори на детскиот едукативен јутјуб-канал „Дарко Биберко“, а во подготовката на епизодата имале повеќекратна улога – од превод, преку консултации, до интерпретација на песна која ја испеале на македонски јазик.
Епизодата ќе биде емитувана во недела, на 27. април, во 20:00 часот по источен часовен појас на американската телевизија Фокс, односно во 2:00 часот по полноќ по македонско време.
Фото: Фејсбук