еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Оддадена почит за загинатите бранители кај Вејце

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал – мајор Сашко Лафчиски, положија венци со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници на баталјонот за специјални сили.

„Во чест на загинатите припадници постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија и припадници од баталјонот за специјални сили, командите на единиците на Армијата, поранешни припадници на баталјонот за специјални намени и членови на семејствата на загинатите припадници на Армијата.

На денешен ден пред 24 години кај селото Вејце, во околината на Тетово во одбрана на татковината загинаа осум припадници на безбедносните сили,“ се вели во соопштението.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерката за гарантирани цени останува до крајот на годината, укината забраната за акции и промоции

Редакција

Убава вест: 13 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 1.723

Редакција

Убава вест: Оздравени 95 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 37

Редакција