еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зошто се празнува Први мај

Први мај е меѓународниот ден на трудот и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Овој празник се одбележува на 1. мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4. мај 1888 година во Чикаго, САД. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.

Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 година донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1. мај со цел подобрување на својата положба.

Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и бившите комунистички земји. И во Македонија, Меѓународниот ден на трудот исто така има статус на празник.

Притоа, до 2006 година, тој се празнуваше два дена, на 1 и 2. мај, а од следната година се празнува само еден ден.

Во Македонија, празникот вообичаено не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природата.

Годинава, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), организира протест за повисоки плати и подобри услови за работа.

Користени материјали од Википедија.

Фото: ССМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбициозен план на Реплек:1.800 денари дивиденда по акција и најава за раст во следниот период

Редакција

Сузбиена криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација, приведени девет лица

Редакција

„Уника“ го доби тендерот за колективно осигурување на вработените во Министерството за одбрана и припадниците на АРМ

Редакција