Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да биде изречена пресудата за Васил Јованов за усмртувањето на 22-годишната Фросина Кулакова.
Јованов на претходното рочиште призна вина и изрази сочуство на родителите на Кулакова, а нејзиното семејство побара максимална казна за него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Васил призна вина, мајката на Фросина побара максимална казна за него
Според обвинението на Основното јавно обвинителство, на 29. јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, со брзина од 91 километар на час на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, удри во Кулакова, која почина на лице место.
ОЈО Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, бидејќи му дозволувал на својот син да управува патничко возило иако знаел дека нема возачка дозвола и е сторител на сообраќајни деликти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ