За што е осомничен газдата на Пуцко петрол, Јахоски, кој доби времен пасош

Сопственикот на Пуцко петрол, Асмир Јахоски е во фокусот на јавноста откако фотографии објавени на Фејсбук открија дека викендов бил во Истанбул, Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Газдата на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски со времен пасош во Истанбул

Тој е осомичен за перење пари во случајот за злоупотреби при набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, вредни 160 милиони евра, кој бил со лош квалитет за здравјето на луѓето.

Јахоски првично беше во притвор во затворот “Скопје“, а потоа излезе од таму со гаранција од над 2 милиони евра, но остана без пасош и му беа одредени и мерки на претпазливост, односно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје секој прв понеделник во месецот.

Како што информираа од Судот тие минатиот месец го одбиле неговото барање да му се издаде времен пасош, по што неговата одбрана поднела жалба, а одлуката истиот да го добие по брза постапка од Министерството за внатрешни работи ја донел Апелациониот суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација одобрила Јахоски да добие времен пасош од шест месеци

Од Апелација објаснија дека таква одлука донеле на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и врз база на мислењето на Вишото јавно обвинителство – да се уважи неговата жалба.

Времениот пасош од шест месеци го добил минатиот четврток, а во Истанбул според фотографиите бил на прослава за дипломирање на член на семејството.

Во случајот заедно со него се осомничени и сопствениците на фирмата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, и поранешниот директор на државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газдата на Пуцко петрол, Јахоски, кој беше во Истанбул, се вратил во Македонија

Пуцко петрол склучи договор од 1,9 милион евра со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта

Фото: Фејсбук/Јахоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести